përkthime nga, për në e në Europë Juglindore

Романот „Момо“ од Михаел Енде објавен на македонски јазик

. Posted in macedonian

95 24vestiИздавачката куќа „Икона“ ја објави на македонски јазик  книгата за деца „Момо“ од германскиот писател Михаел Енде. Се вбројува меѓу највпечатливите романи од втората половина на 20 век, со милиони продадени примероци и голем број филмски и театарски адаптации.

24 ВЕСТИ

Македонските писатели чекаат квалитетен превод

. Posted in macedonian

96 dwelleМакедонија има автори кои успешно можат да бидат презентирани во странство, но државата треба да формира Национална агенција за книги и Национален фонд за превод за да го помогне издавањето на нивните дела.

Ж.Ацеска, Дојче Веле

Го губиме чекорот со светот

. Posted in macedonian

91_dnevnikПроблемот овде е тоа што институциите не се во чекор со високо интелектуално развиените автори, издавачи, преведувачи. Не треба да се измислува топла вода. С` е измислено и треба само да се приспособи и примени, рече Алида Бремер од фондот „Традуки“ од Берлин

Mарина ЛАЗАРЕВСКА, Дневник

„Традуки“ го скрши проклетството на малите јазици

. Posted in macedonian

89_nova_makedonijaЛафазановски на хрватски, Миневски на српски, Смилевски на бугарски Димковска на германски, Урошевиќ на словенечки јазик... Ова се само некои од преводите на наши автори што за краток период ги финансираше европската мрежа за превод „Традуки“...

Весна Дамчевска, Нова Македонија

Албахари е наш заеднички херој на постмодернизмот

. Posted in macedonian

82_nova_makedonijaНа тоа бескрајно патување од едниот во другиот деновиве застана во Скопје, каде што беше промовиран неговиот роман „Лудвиг“, кој во превод на Александар Прокопиев го објави издавачката куќа „Икона“. Се надева, како што рече, дека повторно ќе дојде тука по повод седмата книга што ќе се објави на македонски (досега се објавени шест).

В.Д., Нова Македонија

Дали розите се црвени во мракот?

. Posted in macedonian

81_vecerДали розите се црвени во мракот е прашањето кое се поставува во книгата "Лудвиг" од култниот српски писател Давид Албахари. Тој вчера беше гостин во Скопје и даде увид во многу други одговори и прашања. Од него, на промоцијата во МКЦ, ја дознавме потресната приказна во романот "Гец и Маер", за Гец и Маер кои убиле илјадници Евреи во камион со издувните гасови од ауспух. Дознавме дека во "Лудвиг" се раскажувало дека Лудвиг е познатиот писател Милорад Павиќ, но сепак не се работи за конкретен лик...

Де.Т., Вечер

Промовиран романот „Луд­виг“ на Давид Албахари

. Posted in macedonian

80_dnevnik„Луд­виг“ е ка­мер­на при­каз­на за пи­са­тел­ски­от за­на­ет. Тоа е по­ве­ќе ро­ман на сос­тој­ба, а не на ли­ко­ви. Но де­ло­то мо­же да би­де за кои би­ло умет­ни­ци, за си­те лу­ѓе што има­ат не­как­ва страст во жи­во­тот – ре­че пи­са­те­лот Алек­сан­дар Про­ко­пи­ев на про­мо­ци­ја­та на но­ви­от ро­ман на срп­ски­от пи­са­тел Да­вид Ал­ба­ха­ри - „Луд­виг“ што се одр­жа во ки­но­то „Фро­си­на“ во Скоп­је.

С.Ѓ., Дневник

Албахари во Скопје

. Posted in macedonian

79_karmakashaТри месеци по објавувањето на македонски на романот „Лудвиг“, издавачот „Икона“ во Скопје го донесе и авторот Давид Албахари, едно од најголемите имиња на српската книжевна сцена и клучен лик во промовирањето на постмодернизмот во екс-Ју.

Кармакаша

Болката го сведува човекот на предјазичен крик

. Posted in macedonian

73_nova_makedonijaИскуството на крајна добрина кога некој што не го познавате и не ве познава доброволно ќе реши да ви подари орган, наспроти злото што сé почесто нé опкружува, е мојот мотив да ја напишам оваа книга, вели познатата хрватска писателка Славенка Дракулиќ, чија книга „Телото на нејзиното тело“ (12 вистинити приказни за донори) беше промовирана вчера во Музејот на градот Скопје.

Мимоза Петревска-Георгиева, Нова Македонија

Во Скопје писателката што се избори со болеста

. Posted in macedonian

74_vecerЕдна од најчитаните хрватски дами, жената чии книги доживуваат и по над десетици илјади примероци во Хрватска, Славенка Дракулиќ, во книгата пишува за несебичните искуства на донаторите на органи.

Де.Т., вечер

partner projektesh

traduki partners 2014 d